Полска е еден од претходниците од плакатната уметност на Европа и светот. Таа претставува знаменит споменик на оваа техника и наука, истакна Тевдовски.
Информира дека Амбасадата на Полска во декември ќе ја додели наградата за плакат што ја организира Музејот на Град Скопје, а добитниците ќе имаат можност да ја посетат Полска и најголемиот Музеј на плакат во Варшава во кој се собрани 55.000 илјади дела од првото светско биенале на плакати.
Амбасадорот Мултановски појасни дека изложбата „Полската школа на плакат“ ќе учествува на 25-тиот јубилеј на Меѓународното биенале на плакати во Варшава кое ќе започне во јуни и ќе трае до септември оваа година.
Изложбата ќе биде презентирана во галерии и музеи во повеќе градови низ Македонија, а во рамките на Скопје Постер во ноември ќе биде поканет полски уметник кој ќе одржи работилници за студенти од факултетите за уметност, информира Мултановски.
Во рамките на изложбата во наредните денови ќе се одржи и работилница за плакат од страна на уметникот Лазе Трипков.