„Балерините и нивната публика“ е насловот на изложбата што денеска во 21 часот ќе биде отворена во Винскиот Бар Подрум, а автор е Митрополитот Европски г. Пимен.
Тој е автор на цртежи работени на скеч гуру – мали формати.
Изложбата има исклучиво хуманитарен карактер, а приходите собрани од продажбата на цртежите, ќе бидат наменети за помош на Александар. За изложбата веќе има огромен интерес.