Изложба на слики од академскиот сликар Константин Качев ќе биде отворена утре со почеток во 18 часот во мултимедијалниот културен цент.ар „Матица ексклузив“.
Изложбата ќе ја отвори Паскал Гилевски.
Константин Качев спаѓа во редот на истакнатите современи македонски сликари од помладата генерација. Роден е во Ташкент во 1967 година. Завршил ликовна академија во Скопје. Учествувал на многу групни изложби, а самостојно се претставил со десеттина изложби во Скопје, Париз, Њујорк, Софија…
На изложбата ќе се претстави со 40 дела, посветени на темата „емигрант“.
Со оваа излoжба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Стефан Хаџи Николов, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Драги Хаџи Николов-Аџи, Димитар Малиданов, Владимир Темков, Решат Амети и скулпторот Илија Аџиевски.