
На 15.11.2022 во 21:20 часот во Полициската станица Кавадарци, 60-годишен жител на битолско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.700 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило и се претставило како менаџер на фирма од Скопје и побарал од него да му организира транспорт од Скопје до Белград.
Исто така, според пријавеното, лицето му побарало и услуга за негов вработен, по што тој се сретнал со едно лице и му ги дал парите.
Како што е пријавено, откако ги дал парите повеќе пати се обидел да стапи во контакт со лицето, но не му било одговорено на повикот и отишол во фирмата каде го известиле дека немаат побарано помош за организирање превоз, по што сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.