
На 20.03.2024 во 13.13 во СВР Штип 90 – годишник од Кочани пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари.
Според пријавеното, околу 12:40 часот во неговиот двор влегло машко лице и му понудило огревно дрво по цена од 4.000 денари за метар кубен. Како што е пријавено, откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.