
На 01.09.2021 во СВР Битола, двајца битолчани на возраст од 37 и 45 години пријавиле дека биле измамени од едно лице.
Како што е пријавено, тие во повеќе наврати уплатиле сума од околу 12.000, односно 20.000 денари кон одредена фирма со уверување дека уплатуваат за трошоци за вработување во Германија, но и покрај тоа досега не им била понудена работа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.