На 15.01.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 27 – годишен маж од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, лицето лажно се претставило како вработен во фирма за градежништво и, откако телефонски се договориле за купопродажба на градежен материјал во Куманово, му ги дал парите.
Како што е пријавено, кога отишол во градежната фирма сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.