Во среда (08.09.2021) со почеток од 13,30 часот најавен е протест кој треба да почне од плоштадот „Скендербег“ за потоа да продолжи до канцеларијата на Европската унија.
За таа цел од 13,30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај булварите „Гоце Делчев”, „Илинден” и „Свети Климент Охридски”.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.