Изменет сообраќаен режим за Водици

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре поради верскиот празник Водици.

Од 10 часот до завршување на манифестацијата за Водици во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улиците Филип Втори до булевар Гоце Делчев и улицата Кеј 13 Ноември до булевар Кочо Рацин.

„Во општина Ѓорче Петров од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по булевар Партизански одреди, десно по улиците Ѓорче Петров, лево по Васил Чакаларов, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улиците Демир Трајко и лево по Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар“, соопшти СВР Скопје.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.