Измените на Законот за градежни производи помина во Комисијата за економски прашања

Собраниската Комисија за економски прашања денеска го прифати во прво читање Предлогот за измени на Законот за градежни производи.

Со предложеното решение, како што појасни заменик-министерот за економија Зоран Маневски, се врши усогласување со одредбите за глоба од Законот за прекршоци и се дефинира носењето на македонските национални стандарди или македонските технички прописи за градежните материјали од нехармонизираното подрачје.

Целта на законот е да се овозможи намалување на висината на глобите. Покрај ова, во законот се врши и усогласување со промената на името на Република Македонија во „Република Македонија“.