Изминаа 3000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, министерот за транспорт и врски никаде го нема

Верувале или НЕ, изминаа над 3000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов.

А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес.

Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија.

Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите.

Премногу е!, стои во неговиот пост на Фејсбук.