Измината недела 1.294 повици на Ало докторе

ало

Како што соопшти денеска ЈЗУ Здравствен дом Скопје, од воспоставувањето на линијата регистрирани се 136.259 повици од граѓаните.

Линијата е  достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Вкупно 25  доктори  се достапни за медицински совет за  јавувањата кои се  од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата најчесто се за совети поврзани со  респираторни симптоми, кардиоваскуларни проблеми, главоболки, покачена телесна температура, кашлици  и симптомна болка.

На лицата  кои  побарале здравствена помош на  линијата Ало докторе им е даден медицински совет и соодветна симптоматска терапија.