Оперативно-тактичката и воена авијација на руските вооржуени сили во текот на изминатата ноќ уништила 62 воени цели во Украина, изјави на брифингот во неделата утрото во Москва, портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
„Меѓу уништените цел се и три командни пункта на украинската армија, една инсталција за повеќецевни ракетни ситеми, две складишта со ракетно и артилериско оружје и еден склад со гориво, како и 52 локации на кои се групираше воена опрема“, рече Конашенков.
Според него, од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина, руските сили уништиле 207 беспилотни летала, 1.476 тенкови и други оклопни борбени возила, 148 повеќекратни ракетни фрлачи, 573 единици теренски артилериски оружја и минофрлачи, како и 1.262 единици специјални воени возила.