Изминатава недела 1.219 повици на Ало докторе

Вкупно 1.219 повици се регистрирани во текот на изминатата недела на телефонската линија за медицински совет Ало докторе.

Од 15 септември годинава медицински совет побарале вкупно 65.527 граѓани.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет се достапни вкупно 25 лекари, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за главоболки, респираторни симптоми ,покачена телесна температура , за сезонски вируси, кашлици  предизивикани од  променливите  временски  услови .

На сите оние лица кои  побараа медицински совет   на телефонската линија Ало докторе им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска терапија.