На 28 април – четврток извршен е увид на15 сообраќајни незгоди, од кои шест се со материјална штета, а во осум со полесни повреди се здобиле девет лица. Се случила и една сообраќајка во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.
Увид на вкупно 13 сообраќајки е извршен на 29 април – петок. Од нив седум се со последица материјална штета, додека во шест со полесни повреди се здобиле седум лица.
На 30 април – сабота извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле три лица. Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.
На 1мај – недела СВР – Скопје извршило увид на шест сообраќајни незгоди. Од нив три се со последици материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле пет лица.
Вчера извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета, а во една со полесни повреди се здобило едно лице.
Во текот на изминатите пет дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци, посочува Вељаноски.
Санкционирани се пет возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилотоа под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај. Еден возач поминал на црвено светло на семафорите. Шест возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Педесет возила биле непрописно паркирани, 18 лица управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека 27 возачи управувале неригистрирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 66 возила.