![policiski cas 3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/policiski-cas-3.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Во текот на изминатото деноноќие 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.
Исто така, според статистичките податоци, за изминатото деноноќие на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.