АД ЕСМ вчера произведе 16.303 MWh електрична енергија, со што, како што денеска соопшти Владата, целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во термоелектраните произведени се 7.920 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 8.383 MWh.
– Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.700 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, се наведува во соопштението.