Изостанува ветувањето на Владата за поддршка на земјоделците, тие го губат трпението

И покрај најавите за поддршка од Владата, се случува крах на производителите на праските, доматите и краставиците, па земјоделците најавуваат дека се на крајот до свотео трпение.

Откупните цени на земјоделските производи низ целата земја, но особено во југоисточниот дел се во континуиран пад. Особено проблематична е ситуацијата со откупот на праските и фактот дека земјоделците со сегашната откупна цена не можат да ги покријат ниту основните трошоци на производство. Многуммина од одгледувачите на праски неможејќи да обезбедат пласман за своето производство се решиле праската да ја продаваат за 6 денари по килограм во преработувачката индустрија.

Тешко оди и откупот на краставицата, патлиџанот и пиперот во Струмица поради ниската откупна цена која е во континуиран пад. Откупната цена на доматот во моментов е околу 15 денари килограм, а на краставицата е од 2 до 3 денари.

Колку да се потсетиме во 2016 за второто тримесечие откупот на земјоделски производи се зголеми за 17.3 проценти во однос на истиот претходната година односно 2015. Минатата година откупната цена на праската се движела помеѓу 25 и 40 денари, а пак годинава таа во просек се движи помеѓу 8 и 20 денари.

Поминаа веќе 1 месец од конситуирањето на владата и ветувањата дека владата ќе го субвенционира откупот на праската со 6 денари по килограм, одгледувачите на праски немаат видено ниту денар од најавената помош. Но проблемот не е само со откпуната цена на праската туку на сите земјоделски производи.

За нив владата на СДСМ досега ниту разговарала ниту ветила некаква помош. Ситуацијата со земјоделството е алармантна, а новата влада се занимава со секојдневни сребди со амбасадори наместо да им помогне на граѓаните на кои им вети живот.

Факт е дека Владата на СДСМ паушално се однесува кон сиве овие реални проблеми кои ги имаат земјоделците. Доколку владата продолжи со ваквата незаинтересираност за проблемите на земјдоделците се најавуваат протести и блокади на патиштата. Сето тоа значи понатамошно продчабочување на кризата и неадекватно искористување на земјоделските потенцијали на државата.

Бидејќи секоја минута помината на протест за земјоделеците е изгубено време кое тие можат да го поминат на своите полиња и искористат за развивање на својот бизнис.

Новата влада ветуваше живот во Македонија за сите граѓани. Дали по утрото денот се познава и ова е животот кој им следува на земјоделците во наредните четири години?, се поставува прашањето во текстот на Курир.мк