Изралската војска во петокот со тешка артилерија и екстензивни воздушни удари ја гаѓал режата тунели кои палестинските милитанти ја изградиле под Газа, која се нарекува „Метро“, а Палестинците продолжуваат со ракетирање на израелската територија.
Во петокот, на петтиот ден од судирите кои се чини нема скоро да стивнат, портпарлото на израелската војска полковникот Јонатан Конркикус изјави дека копнените сили учествувале во 40-минутна офанзива пред мугрите, но дека ниеден припадник на израелските сили не стапнал во палестинската енклава Појасот Газа.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека се убиени жена и три нејзини деца во последната израелска операција и дека нивните тела се извлечени од под урнатините на нивниот дом.
По израелските напади набрзо палестинските милитанти продолжија со масивното ракетирање на јужните израелски територии.
Најтешкиот судир меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа по отворениот конфликт во 2014 година започна во понеделникот откако движењето Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, ги ракетираше Ерусалим и Тел Авив одговарајќи на судирите на израелската полиција со Палестинците во близина на џамијата Ал Акса во источен Ерусалим.
Најмалку 119 лица загинале во Газа, меѓу кои 31 дете и 19 жени, а уште 830 се ранети, според последните податоци на палестинските санитетски служби.
На израелската страна, пак, досега се потврдени осум жртви: војник во патрола на границата со Газа, шест израелски цивили, вклучително и постара жена која паднала на патот до засолништето во петокот и две деца, објавија израелските власти.
Воениот портпарол Корникус изјави дека 160 израелски борбени авиони и артилеријата и оклопни единици учествивале, како што рече, во најголемата операција против специфичната мрежа откако почнаа судирите, но додадел дека „не беа во Појасот Газа“.
Со тоа истакана дека израелската војска сепак не влега во Појасот Газа, инсистирајќи на исправка на претходната информација за копнена инвазија во палестинската енклава.
„Го гаѓавме добро разработениот систем на тунел под Газа, главно во северниот дел (…) мрежа којашто оперативците на Хамас ја користат за движење, криење. Го нарекуваме (овој систем) Метри“, изјави Корникус на прес-конференцијата со странските новинари и додаде дека сѐ уште не е извршена конечна процена на резултатите од тие операции.
Израеслкиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во четвртокот дека оваа кампања „ќе потрае подолго време“. Израелските финкционери порачаа дека на Хамас, кој е најмоќната милитантна групација во енклавата, мора да му биде нанесен солен удар кој ќе го одврати од нападите, пред да настапи каков и да е прекин на огнот.
Тензии во Израел
Судирите меѓу војската и милитантите ги разгореа тензиите и меѓу изрелските Евреи и изралеските Арапи, потомци на Палестинците кои остана на територијата на штотуку востановентата Држава Израел во 1948 година.
Ова малцинсто од израелските Арапи сочинува 21 отсто од вкупното население на Израел, дел од нив живеат во мешани општини со Евреите и во изминатите неколку години поради насилствата меѓу двете заедници, челниците на Израел предупредуваа на опасност од граѓанска војна.
Во четвртокот Силите за одбрана на Израел објавија дека ја јакнат воената присутност на границата со Газа, поради што се јави стравување дека може да се повторат изралеските офанзиви и инвазија во енклавата од 2009 и 2014 година. Меѓитоа, коментаторите сметаат дека ваквото сценарио е малку веројатно, бидејќи Израел се колеба да ја изложи својата војска на можни големи жртви на територијата на Хамас.
Советот за безбедност при Обединетите нации во недела ќе дискутира за ситуацијата во Газа, најавија дипломатите откако САД се спротиставија на состанокот во петок. Мировното посреување на Египет, Катар и ОН сѐ уште не даде некои резултати.
Израелската војска тврди дека усмртила меѓу 80 и 90 палестински милитанти и тврди дека тие истрелале 1.800 поректили врз Израел од кои 430 паднале на територијата на Газа поради што веројатно се цивилните жртви. Додава дека 90 отсто од проектилите биле пресретнати од израелскиот противракетен систем „Челична купола“.