Израел ја одобри и втората „бустер“ доза за оние со слаб имунитет

Израел ја одобри втората дополнителна односно „бустер“ доза од вакцините против Covid-19 за високоризичните групи, објавија во четвртокот тамошните здравствени власти.

Израелска болница во понеделникот ја аплицирала и четвертата доза од вакцината против коронавирусот на контролна група испитаници, во рамките на првата поголема студија за стекнување на второто довакцинирање во обидот да се запре ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот. Резултатите се очекуваат по најмногу две седмици, пренесува Reuters.

Израел пред една година беше предводник во кампањата на вакцинирањето, и беше меѓу привте држави кои ја воведоа „бусер“ дозаа од вакцините. Загрижено поради брзото ширење на омикрон варијантата, израелското министерство за здравство минатата седмица ја препорача и четвртоата доза од вакцината на производителот „ Pfizer/BioNTech“ за здравствените работници и повозрасните од 60 години со слаб имунолошки систем.

Шефот на министерството Начман Аш, чиешто одобрување е потребно за започнување на кампањата на „бустер“ вакцинирањето, не ја донесе одлуката веднаш. Дел од стручњаците истакнуваат дека засега не постои доволно научни податоци кои би ја оправдале четвртата доза на вакцините.

На прес-конференцијаа во четвртокот Аш изјави дека четвртата доза засега ќе им биде понудена само на оние со послаб имунитет, како што се онколошки пациенти, а дека ќе продолжи истражувањето за потребата за проширување на кампањата. Поради јазот во знаењата во светот за моменталната ситауција, се дејствува претпазливо и одговорно, истакна Аш.