Израел ја отфрли резолуцијата на ОН со која се бара „хуманитарно примирје“ во Газа, при што амбасадорот на земјата рече дека Израел ќе продолжи да се брани.
„Ова е црн ден за ОН и за човештвото“, вели амбасадорот на ОН Гилад Ердан, ветувајќи дека неговата земја ќе ги користи „сите средства“ во борбата против Хамас.
„Денес е ден кој ќе биде срамен. Сите сме сведоци дека ОН повеќе не поседуваат легитимност или релевантност“, рече тој.