Израел ја проширува копнената операција во Либан

Копнената операција во јужен Либан се проширува, околу една недела по влегувањето на израелската војска (ИДФ) во Либан. Портпаролот на ИДФ во понеделникот наутро објави дека три резервни бригади започнале „локализирана и насочена оперативна активност“ во јужен Либан.

Додавањето на бригадите означува проширување на копнената операција која започна во јужен Либан минатата недела. Овие војници се бореа во Појасот Газа и северниот сектор во текот на минатата година, а во последните две недели беа повторно мобилизирани.

Како што објави израелскиот медиум Ynetnews, kомандантот на дивизијата, потполковник Шаи Клапер, им рекол на војниците при нивното влегување во Јужен Либан: „Војници од 91-та дивизија, мои браќа вооружени во регуларниот дел и во резервите. Многу месеци се жртвувавте себеси и работевте со бескрајна посветеност на формирањето на северниот заштитен ѕид на нашата земја Денеска, во пресрет на 7 октомври, една година по нападот на непријателот на сите фронтови, година во која значително го оштетивме непријателот, формацијата Галилеја маршира напред“.
Во пораката до војниците, тој разговараше за влезот во Либан: „Вие, резервистите, кои први се појавивте на северниот фронт, ќе го нападнете непријателот на неговата територија. Ова е наше време да ја промениме безбедносната реалност на север, заради враќање на жителите во нивните домови“.

Од почетокот на копнената операција во Либан, пред околу една недела, 10 војници на ИДФ се убиени во битките во северната арена. За време на операцијата во јужен Либан, војниците на ИД открија многу оружје, некои од нив во подземни тунелни системи наменети да ги користат терористите на Хезболах за да извршат напад во Израел.