Израел ќе ги продолжи борбите во Газа доколку Хамас до полноќ не ги ослободи заложниците

Израелската армија е подготвена да ги продолжи воените операции во Појасот Газа доколку палестинското радикално движење Хамас не ја ослободи втората група заложници до полноќ по локално време, објави Channel 13 на израелската телевизија, повикувајќи се на безбедносни извор.

„Доколку Хамас не ги ослободи заложниците до полноќ, можеме да се вратиме на операциите во Појасот Газа“, рекол неименуваниот извор на телевизискиот камал.

Истовремени израелскиот Channel 12, повикувајќи се на политички извор, објави дека Израел ги негира сите обвинувања против него за кршење на условите од договорот за ослободување на заложниците.

„Ова е обид на Хамас да спроведе пропаганда. Израел ги исполни сите обврски. Хамас ги срами посредниците во Египет и Катар“, рекол соговорникот на телевизијата.

Израел претходно најави дека ќе продолжи со воената офанзива откако ќе заврши примирјето, четиридневното промирје кое може да се продолжи за еден ден на секои 10 ослободени дополнителни заложници. Катарска делегација пристигна во Израел во саботата за да го следи спроведувањето на договорот и да се обиде да го продолжи прекинот на огнот.

Во саботата, милитантното крило на Хамас, Бригадите Изедин ал-Касам, ја објави својата одлука да го одложат ослободувањето на втората група израелски заложници држени во Газа, барајќи Израел да ги почитува условите од договорот за влез на камиони со хуманитарна помош во северниот дел на Појасот и да почнат да ги почитуваат договорите за ослободување на палестински затвореници.

Извор од Хамас претходно во саботата изјавил за AFP дека вооруженото крило на Хамас почнало на Црвениот крст да му ја „предава втората група“ киднапирани Израелци. Предавањето се одвива во Хан Јунс на југот на Појасот Газа и „ги има 14“, рекол изворот.

Во петокот Хамас на Меѓународниот комитет на Црвениот крст му предаде на Израел 24 заложници, од кои 13 Израелци. Првата ослободена група од околу 240 луѓе земени во заложништво од Израел беше во нападот од 7-ми октомври беше транспортирана преку граничниот премин Рафах кон Египет а потоа во Израел.

Во текот на четирите дена колку што треба да трае примирјето, Хамас вети дека ќе ослободи најмалку 50 заложници, а Израел вети дека ќе ослободи 150 палестински затвореници. Ова четиридневно примирје, кое може да се продолжи, во средата беше постигнато со посредство на Катар со поддршка на САД и Египет.

Хамас зема во заложништво околу 250 заложници во крвавиот напад на израелска територија на 7-ми октомври, кога, според израелските власти, беа убиени 1.200 луѓе, од кои речиси 900 се цивили на различна возраст, а над 300 се израелски војници и припадници на другите вооружени безбедносни формации.

Како одмазда, Израел уште истиот ден започна со немилосрдно континуирано бомбардирање на палестинската територија а на 27-ми октомври започна копнена офанзива со цел да се „елиминира“ Хамас, кој е на власт во Газа по изборите од 2007 година. Во појасот Газа, според тамошните здравствени власти, во израелските напади загинале 14.854 луѓе, меѓу кои 6.150 деца. Податоците ги потврдуваат и меѓународните организации, а Хамас вели дека уште неколку илјади луѓе се сметаат за исчезнати или се под урнатините.