Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, во говорот на Советот за безбедност на Соединетите држави во четвртокот повика да се воведат санкции против Израел поради непочитување на одлуката на Советот со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан. Ова следува по серијата акции на Русија која се дистанцира од Израел и нејзината долгогодишна посветеност на безбедноста на Узраел и правото на самоодбрана.
Растечката воена и дипломатска алијанса на Иран и Русија предизвикува загриженост во Ерусалим. Неуспехот на Русија да го осуди иранскиот напад врз Израел предизвика големо разочарување во Израел.
Официјални лица во Ерусалим внимателно ги следат изјавите што излегуваат од Москва од 7 октомври и се загрижени за нејзините следни чекори. Русија постепено ги ескалира своите одговори на војната. Русија не изрази симпатии кон Израел, се воздржуваше од осудување на Хамас во текот на војната, па дури и двапати беше домаќин на раководството на Хамас во Русија.
Вреди да се слуша внимателно што велат сојузниците на Путин. Дмитриј Рогозин, сенатор кој имал високи безбедносни позиции, рече дека во случај на голема војна меѓу Иран и Израел, Иран ќе го победи Израел. Тој, исто така, рече дека на израелската армија и недостасуваат добри војници, исклучок се војниците кои се со потекло од Русија и кои служат во специјалните единици.
Сергеј Мардан, коментатор за Комсомолскаја Правда, во интервју вели дека Русија го поддржува Иран во неговата конфронтација со Израел. Според него, „Иран е наш политички сојузник. Иран е една од ретките земји што ја поддржуваат Русија во нашата војна. Ние секако сакаме Иран да победи“.
Путин го осуди нападот во Сирија, но не и иранскиот
Иранската новинска агенција Тасним објави изјави од телефонскиот разговор меѓу Путин и покојниот ирански претседател Раиси во кој иранскиот лидер го пофали ставот на Русија дека нападот на Техеран е легитимна мерка за одбрана од „агресијата на ционистичкиот режим“ против иранскиот конзулат во Сирија, опишан како терористички акт со јасно кршење на меѓународното право, вклучително и Виенската конвенција и сериозна закана за глобалната стабилност.
Како што објавија иранските медиуми, Путин го осудил и „терористичкиот чин на ционистичкиот режим“ против конзулатот на Исламската Република, нарекувајќи го кршење на меѓународното право. „Акцијата на Исламската Република Иран како одговор на овој криминален чин и во светло на неактивноста на Советот за безбедност беше најдобриот начин да се казни агресорот и да се изрази мудроста и рационалноста на иранските лидери.
Путин не штедеше ниту критики на западните земји во врска со тензиите на Блискиот Исток. „Уверени сме дека Исламската Република Иран е еден од главните столбови на стабилноста и безбедноста во регионот“, рече Путин. Кремљ објави дека во разговор со Раиси, Путин изразил надеж дека сите страни ќе покажат разумна воздржаност и ќе спречат нова рунда конфронтација, која би имала катастрофални последици за целиот регион.
Минатата недела рускиот советник за национална безбедност Николај Патрушев го повика својот израелски колега Цачи Ханегби на воздржаност во однос на Иран и ескалацијата на Блискиот Исток. Патрушев повика на воздржаност од сите страни за да се спречи нова ескалација на конфликтот.