Израел фрла летоци за цивилите во јужен Либан против Хезболах

Првпат од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа, израелските авиони во петокот фрлија предупредувачки летоци за цивилното население над јужен Либан.

Израел со летоците го предупреди цивилното население да не им пружа засолниште на членовите на либанското шиитско движење Хезболах.

„Членовите на Хезболах во цивилните области се вистинска опасност и ќе ви наштетат“, пишува во предупредувачките летоци.

Либански безбедносни извори велат дека летоците биле фрлени на различни локации во пограничната област со Израел.

Повеќе од 120 луѓе загинаа во насилството на границата во Либан, вклучувајќи 85 борци на Хезболах и 16 цивили. Во Израел загинаа седум војници и четворица цивили.

Либанската шиитска групација Хезболах, која е поддржувана од Иран, е активна во јужен Либан и во Сирија, чијашто територија на Голанската висорамнина Израел ја анектираше во 1981 година.

Хезболах, чии милиции се вооружувани и обучувани од Иран, е далеку помоќна борбена форамција од палестински Хамас, а разликата е и во припадноста на шиитскиот и сунитскиот огранок на исламот. Од последната војна меѓу Израел и Хазболах во 2006 година, либанското движење стана многу помоќно. Се проценува дека Хазболах има арсенал од повеќе од 100.000 ракети, а покрај тоа неговите единици се здобија со богато борбено искуство учествувајќи од 2011 година во војната во Сирија.

Повеќе од 120 луѓе загинаа во насилството на границата во Либан, вклучувајќи 85 борци на Хезболах и 16 цивили. Во Израел загинаа седум војници и четворица цивили.

Хезболах и Израел водеа две големи војни од 1980-тите. Израелските трупи беа принудени да се повлечат од Либан по конфликтот во 2006 година. Хезболах има значително присуство во јужен Либан и периодично се конфронтира со израелските сили кои патролираат по границата.

Во војната од 2006 година со израелската сила, Хезболах се покажа како сериозен противник, а воените аналитичари предупредуваат дека неговите борци се зстекнале со големо борбено искуство со учеството во војната во соседна Сирија започната од 2011 година, и оти движењето е добро вооружено благодарејќи на целосната поддршка од Иран.

Движењето на шиитската заедница во Либан со неговото воено крило е формирано во заднината на долгата граѓанска војна со вмешаност на САД и Израел во 1982 година со поддршка на Иранската револуционерна гарда. Се смета дека е најдобро вооружена групација во регионот на Блискиот исток, а се здоби со големо борбено искуство учествувајќи во регионалните војни главно во Сирија на стрнаа на владата на претседателот Башар ал-Асад.

Шиитски Хезболах и сунитски Хамас во блискоисточните војни многу често беа на различните страни, па дури имаше и меѓусебни судири. Меѓутоа, заедничко им е крајната нетрпеливост и непријателство кон Израел