Израел го бомбардираше домот на највисокиот оперативец на Хамас (ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили соопштија го бомбардирале домот на највисокиот оперативец на Хамас, Салах Дахман, кој, како што велат, ја користел таа куќа за да складира оружје за организацијата.

Армијата објави снимка од нападот, на која се гледа како ракета паѓа врз зграда во густо населена населба, што предизвика голема експлозија, пренесува „Тајмс оф Израел“, наведувајќи дека причината за експлозијата најверојатно била муниција што се наоѓала внатре.

По ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба во градот Лот.

Сирените кои предупредуваат на ракетниот напад се огласија во Тел Авив во раните утрински часови, а градот ги слушна звуците на неколку експлозии, само неколку минути откако членовите на Хамас од Газа рекоа дека испукале 110 ракети кон Тел Авив, како одговор на израелскиот воздушен напад во кој беше уништена зграда од 13 ката во Газа.

Израел посочува дека нивните авиони собориле и убиле неколку разузнавачки лидери на Хамас рано утрово, откако извршија стотици воздушни напади врз Газа.

Палестинските сили потврдија дека истрелале стотици ракети кон Тел Авив по израелскиот воздушен напад во Појасот Газа, а израелската армија соопшти дека се насочени кон милитантите во Газа како одговор на ракетните напади врз Ерусалим и другите области, пренесува „Ројтерс“.

Една висококатница во Газа беше срушена, а друга беше сериозно оштетена откако беше погодена неколкупати во израелските воздушни напади.

Здравствените власти во Газа потврдија 32 жртви, но радио станица поврзана со Хамас подоцна објави дека уште три лица, вклучително и една жена и дете, биле убиени денес пред два по полноќ во израелски воздушен напад.