Израелската војска соопшти дека во четвртокот убила 15 милитанти на Хезболах во јужен Либан и го бомбардирала главниот град Бејрут откако нејзините сили го претрпеа најсмртоносниот ден на либанскиот фронт во една година конфликт со групата поддржана од Иран.
Израел, кој се бори со Хамас во Газа речиси една година, испрати војници во јужен Либан по двете седмици интензивни воздушни напади, во ескалирачкиот конфликт што се заканува да ги вовлече САД и Иран.
Во четвртокот, израелската војска соопшти дека го „елиминирала“ Рави Муштаха, шеф на владата на палестинското движење Хамас во енклавата Појасот Газа, заедно со високите безбедносни функционери Самех ал-Сираџ и Сами Оудех во нападите пред три месеца.
Во Либан, во воздушен напад врз општинска зграда во јужниот либански град Бинт Џбеил загинаа 15 членови на Хезболах, тврди Израел иако за оваа информација нема независни потврди.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во нападот во Бејрут се искачи на девет, а Исламската здравствена управа, група за цивилна одбрана поврзана со Хезболах, соопшти дека седуммина нејзини вработени се убиени, вклучително и две медицински лица.
Очевидци на Reuters изјавиле дека слушнале огромна експлозија, а извор од безбедноста рече дека цел била зграда во квартот Бачура во близина на парламентот, што е досега израелски напад најблиску до центарот на Бејрут. Израел соопшти дека извршил прецизен воздушен напад врз либанската престолнина.
„Уште една непроспиена ноќ во Бејрут. Ги бројам експлозиите што го потресуваат градот. Нема предупредувачки сирени. Не знам што е следно. Има само неизвесност. Вознемиреност и страв се насекаде“, рече специјалната координаторка на ОН во Либан, Женен Енис-Пласашер во објава на X во четвртокот.
Ден откако Иран истрела повеќе од 180 проектили кон Израел, Израел во средата соопшти дека осум војници загинале во копнена битка во јужен Либан додека неговите сили напредувале на територијата на северниот сосед. Израелските медиуми објавија и дека во три одделни судири со броците на Хезблох има уште дваесеттина ранети израелски војници, а веројатно и уште двајца борбени комаданти се загинати од командоските и од извидничките единици.
Иран во средата соопшти дека неговиот ракетен оган, најголемиот досега напад врз Израел, е завршен со 80 отсто успешност прикажувајќи снимки од удари врз две воздухопловни бази и седиште на разузнавачката служба Мосад во Тел Авив, а Израел и Соединетите држави ветија дека жестоко ќе возвратат. Катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад ал-Тани повика на „сериозни напори за прекин на огнот за да се запре израелската агресија во Либан“ и рече дека „мирот на Блискиот исток не е можен без формирање на палестинска држава“.
Она што се случува на Блискиот исток е „колективен геноцид“, рече ал-Тани на самитот на Азискиот дијалог за соработка во Доха, додавајќи дека неговата земја секогаш предупредувала на „неказнувањето“ на Израел.
Говорејќи на истиот собир, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди да не се „молчи“ пред израелското „воено хуѓкање“. „Секој вид воен напад, терористички акт или преминување на нашите црвени линии ќе бидат одговорени со решителен одговор од нашите вооружени сили“, предупреи иранскиот претседател.
Три израелски проектили го погодија и јужното бејрутско предградие Дахије, каде минатата седмица беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала, а се слушнаа силни експлозии, соопштија либанските безбедносни претставници.
Хезболах и другите регионални сојузници на Иран, јеменските Хутисти и вооружените шиитски милиции во Ирак, започнаа напади во регионот како поддршка на поранешниот непријател сунитски Хамас во неговата војна со Израел во Газа.
Хутисите соопштија дека извршиле успешен напад со беспилотни летала врз израелската трговска престолнина Тел Авив. Израел соопшти дека пресретнал сомнителна воздушна цел во област на централен Израел рано во четвртокот.
Израелските одбранбени сили (IDF) ги повикаа жителите на либанските села кои ги евакуираа своите домови да не се враќаат до понатамошно известување. „Нападите на Израелската војска подолжуваат“, рече портпаролот Авичај Адраи на Х во четвртокот.
Повеќе од 1.900 луѓе се убиени, а над 9.000 се ранети во Либан во речиси една година прекугранични борби. Најголем дел од смртните случаи се случиле во изминатите две седмици, според статистиката на либанската влада.
Привремениот премиер Наџиб Микати рече дека околу 1,2 милиони Либанци се раселени поради израелските напади.
Западните земји подготвија планови за вонредни ситуации за евакуација на граѓаните од Либан по драматичната ескалација во вторникот, но ниедна сè уште не започна голема воена евакуација, иако некои изнајмуваат авиони бидејќи аеродромот во Бејрут останува отворен .