Израелската агресија го нападна аеродромот во сирискиот град Алепо, кој поради тоа не е во функција, објави ноќта кон неделата сириската државна новинска агенција SANA.
Во моментов се проценува влијанието на нападот, додава агенцијата. Израелската војска не одговорила веднаш на барањето на Reuters за коментар.
Израелските воздушни напади биле насочени кон меѓународниот аеродром во Алепо во саботата ноќта, според сириските државни медиуми, само неколку часа откако изралеските медиуми извстија дека наводно две ракети биле истрелани од територијата на Сирија кон Израел и додека тензиите продолжија да растат долж северниот фронт на Израел.
Целта на воздушните напади беше пистата на аеродромот во Алепо, која неодамна беше поправена откако беше оштетена во претходните израелски воздушни напади во четвртокот, со што аеродромот повторно беше надвор од функција. Меѓународниот аеродром во Дамаск, исто така, беше цел и ставен надвор од функција во четвртокот.
Две ракети беа истрелани од Сирија кон Голанската висорамнина, којашто Израел ја има окупирано во Шестдневната војна од 1967 година а ја анектираше во 1981 година и најави подигнување доселенички еврејски населби таму, во саботата навечер, неколку часа откако либанското шиитско движење Хезболах и израелската војска азменија оган долж либанската граница додека конфликтот меѓу Израел и Хамас продолжува да ескалира во палестинската енклава Појасот Газа.
Изворите велат дека нападите на аеродромите имале за цел да ги прекинат иранските линии за снабдување со Сирија, каде што влијанието на Техеран порасна откако почна да го поддржува претседателот Башар ал-Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година, со поддршка на Западот и нему сојузничките блоскоисточни сунитски монархии.
Израел од почетокот на граѓанската војна во Сирија во март 2011 година, кога сунитските бунтовници но и џихадистичките групации беа поддржани од соседните арапски сунитски монархии и Западот, изведе стотици воздушни напади врз сириска територија, гаѓајќи ги позициите на владините сили и на нејзините сојузници шиитските доброволечки милиции од соседен Ирак кои ги поддржува Иран и борците на либанското движење Хезболах.
Израел ретко ги коментира воздушните удари во Сирија, и внимава на двете руски бази во Тартус и Хмејмим каде се распоредени напредните противвоздушни системи „С-400“. Но предупреди дека нема да дозволи неговиот најголем непријател Иран да се зацврсти во Сирија.