Израел во понеделникот го протера директорот на организацијата за човекови права Human Rights Watch (HRW) за оваа земја и за палестинските територии, Омар Шакир, кој е првото лице протерано во рамките на спорните мерки против кампањата за бојкотирање на еврејската држава.
Израел од 2017 година го забранува влезот на својата територија на странците кои се обвинети дека ја поддржуваат кампањата BDS (бојкот, повлекување на капиталот, санкции) насочена против оваа земја. Меѓутоа, како што наведува израелското министерство за стратешки работи, Омар Шакир е првиот американски државјанин кому му е одреден прогон од земјата и други мерки.
Израелските власти кон крајот на 2018 година одбија да му ја продолжат визата на Шакир, обвинувајќи го дека го поддржува BDS, што тој го негира. Израелскиот Врховен суд по низата жалби конечно го одобри неговото прогонување од земјата.
„Ќе ме дочекате тика, се надевам, во некое подобро време. Во време кога ќе се почитуваат правата на сите, на Израелците и на Палестинците и кога еднаквоста на сите ќе биде правило“, истакнал Шакир за новинараите на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.
Дваесетина лица дошле да му дадат поддршка на директорот на HWR, невладината организација за човекови права чие седиште е во Њујорк, носејќи транспарени на кои пишувало „Не можете да ја сокриете окупацијата“.
Омар Шакир ги осудил „напорите да се замолчи HRW“, кој сведочи за размерите на „нападите“ на израелските власти врз „израелската и палестинската заедница на активисти за човекови права“. Шакир својот ангажман ќе ја продолжи надвор од Израел и никој нема да го замени.
„Не се сеќавам дека која и да е демократија ги попречила пристапот на истражувачите на HRW. Тоа сведочи за сѐ поголемата ограниченост на израелската демокрација“, се пожалил AFP, главниот директор на организацијата, Кенет Рот.
„Израел, како и секога друга здрава земја, има право да одлучи кој може да влезе во земјата и да работат во нејзините граници“, соопшти министерството за стратешки работи, кое ја предводи израелската кампања против BDS.
Европската унија и Обединетите нации изразија несогласување со оваа израелска одлука. САД, пак, истакнаа дека „силно се противат на кампањата BDS“, повторувајќи ја својата приврзаност на слободата на говоорт.
Кампањата BDS повикува на економски, културен и научен бојкот на Израел поради прекинување на „окупацијата и колонизацијата“ на палестинските области. Нејзините приврзаници го наведуваат примерот на Јужноафриканската Република, тврдејќи дека бојкото на оваа земја ја овозможил пресметката со режимот на апартхејдот.
„Сите кои работат против Израел мора да знаат дека нема да им дозволиме тука да живеат и да работат“, изјави по одлуката на Врховниот суд, министерот за внатрешни работи Арие Дери, кој Шакир го опишува како „челник на движењето BDS“.
„Ниту HRW, ниту јас како негов претставнико, никогаш не повикавме на бојкот на Израел. HRW всушност ги повика компаниите кои работат во еврејските населби тоа повеќе да не го прават, но не бараше бојкот на Израел“, изјавич Шакир.
„Овој прогон не е насочен лично против Омар Шакир, туку воопшто против HRW соголување на израелските дискриминаторски политики. Сакајќи да го казнат Омар и да го протераат, Израел уште повеќе ги открива своите слабости“, оценува Рот.