Странските агенции пренесуваат дека во тек е воздушен напад на предградија на Бејрут, помалку од еден час откако им порачаа на жителите да се евакуираат.
Репортерката на Би-Би-Си јавува дека во тек се најжестоките напади на главниот град на Либан.
„Ова се најсериозниот воздушен напад кој главниот град на Либан го доживеа во последната седмица. Гледам неколку жаришта низ градот. Додека пишувам, ги слушам дроновите кои го надлетуваат Бејрут“, јавува репортерката.
Израелската војска до сега издаде три предупредувања за евакуација. Овие напади се одговор на дронот кој бил упатен кон домот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.