Израел го забележа најтоплиот ден во историјата

Температурите во Израел во средата достигнале рекордни нивоа, и регистрирана е највисоката кога и да е измерена темепература на целата територија на оваа земја, потврди во четвртокот израелскиот метеоролошки завод.

Во текот на средата на неколку локации во земјата избувнале пожари. Неколку лица биле полесно повредени, а евакуриани се околу 200 куќи.

Температурата во библискиот град Содома, близу Мртвото Море, во средата се искачила на 49,9 Целзиусови степени, наведе метеоролошкиот завод на Израел.

Температурите и во крајбрежната низина покрај Медитеранот достигнале 42 Целзиусови степени. Влажноста е од 10 до 25 отсто во различни делови од земјата, што за овој дел од годината е невообичаено ниска.

Највисоката температура досега била забележана ба 21-ви јуни 1942 година, неколку години пред основањето на современата Држава Израел во 1948 годинма, кога во кибуциот Тират Зви, во Јорданската долина на градот Беит Ше’ана, биле измерени 54 Целзиусови степени.

Израелскиот метеоролошки завод смета дека рекордно високите температури се поврзани со глобалното затоплување, и наведува дека рекордни температури забележани последните неколку години покажуваат дека загревањето влијае, не само на просечните температури, туку и на на есктремните.

„Иако е тешмо да се припише еден настан исклучиви на климатските промени, според најдобрите процени, глобалното затоплување ќе продолжи и оттаму можеме да очекуваме пораст на бројот на екстремните топлотни бранови и поголема можност од бележење нови температурни рекорди.