Израел ја запре својата програма испраќање на вакцините протов Covid-19 во странство поради меѓународниот углед, изјави во четвртокот министерото за одбрана Бени Ганц, откако оваа иницијатива беше ставена под правна лупа.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху наиде на удар на критики поради подарувањето на вакцините против Covid-19 на странските сојузници, додека Палестинците се жалеа дека Израел како окупаторска сила требаше всушноста да им испорача повеќе вакцини.
Израелската јавна телевизија Kan, која претходно седмицава извести дека Израел ќе испрати помали пратки во 19 земји, соопштои дражвниот, објави сега дека државниот обвинител Авишаи Манделблит бара објаснување за програмата за испраќање на вакцината.
„Ја поздравувам одлуката за запирање на пренесот на вакцините во други земји“, напиша на Twitter Бени Ганц, лидер на центристичката партија Сино-бело, која принудно е во коалиционата влада со десничкарската Ликуд на Бенјамин Нетанјаху и се подготвуваат да се соочат на изборите во март, четвртите во последните две години.
Нетанјаху претходно оваа седмица ја бранеше ткн „допломатијата на вакцините“ и истакна дека на Израел му останале „неискористени“ дози од вакцината на американскиот производител „Moderna“.
„Мислам дека со тоа се купува угелдот“, им изјави на новинарите во средата и додаде дека тоа е „интелигентна одлука поради многите дивиденти кои веќе ги имаме добиено“.
Израел има најголем напредок во вакцинирањето против Covid-19 во светот и речиси половина од неговото население веќе примлило баре една доза.
Меѓутоа, поранешниот виоен командант генералот Бени Ганц, порача дека одлуката за отстапувањето на вакцините мора да биде донесена на „соодветните состаноци“ и дека Нетанјаху не може самостојно да презема такви акции.
Израле досега на Палестинската самоуправа ѝ дал 2.000 дози од вкацината, тврдејќи дека тие се одговорни за сопствениот здравствен систем. Во енклавите Западниот брег (на реката Јордан) и Појасот Газа, живеат 5,2 милиони Палестинци. А Палестинците го обвинија Израел дека ги игнорирал своите должности како окупаторска сила, затоа што не ги вклучиле Палестинците во својата програма за вакцинирање.