Израел и Нов Зеланд привремено одобрија спреј за нос за спречување на пренесување на коронавирусот

Израел и Нов Зеланд издадоа привремено одобрување за продажба на спрејот за нос со азотен оксид (NONS) на биотехнолошката компанија „SaNOtize Research and Development“, кој би можел да придонесе во спречувањето на пренесувањето на коронавирусот, објави компанијата.

Производството на спрејот под називот „Еновид“ започна во Израел во сорабитка со „Nextar Chempharma Solutions Ltd“, партнерската компанија на „SaNOtize Research and Development“ и се очекува дека производот таму би можел да се најде во продажна летово.

На Нов Зеленд, „SaNOtize Research and Development“ го регистрираше спрејот за нос со одобрување на новозеландската регуилаторна агенција Управата за безбедност на лекови и медицински производи, што на компанијата ѝ овозможува веднаш да го дистрибуира и продава препаратот без рецепт.

Но новозеландското министерство за здравство извести дека сѐ уште не го одобрило препаратот за користење како антивирусен спреј за нос. Одобрувањето на коешто се повикува компанијата не ги задоволува класничните постапки за поднесување барање или одобрување, соопшти во вторникот министерството со објаснување дека ќе ги продолжи преговорите со компанијата

Као што објави „SaNOtize Research and Development“, чие седиште е во Ванкувер, NONS корисниците би требало да ги заштити од вирусот кој во организмот влегува преку горните дишни патишта.

Минатата седмица „SaNOtize“ и британската фондација на болниците „Ashford“ и „St. Peter’s“ од Сареј, објавија резултатити од клиничките испитувања кои покажуваат дека NONS е ефикасен антивирален лек кој би можел да го спречи пренесувањет на Covid-19, да го скуси траењето на болеста и да ја ублажи сериозноста на симптомите кај веќе заразените паиценти.

Крис Милер, водечки научник во „SaNOtize“, изјави дека неговата формула за азотниот оксид за користење кај луѓето е осмислена е да ги „уништува вирусите во горните дишни патишта, спречувајќи ги да се инкубираат и прошират на белите дробови“.