![izrael vakcini](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/izrael-vakcini.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Израел, според договорот за поделба на вакцината против Covid-19, ќе ѝ даде на Палестинската самоуправа најмалку милион дози за да се забрза имунизацијата на населението во палестинските енклави Западниот брег (на реката Јордан) и Појасот Газа, соопштија во петокот израелски функционери.
Според договорот, кој го објави кабинетот на премиерот Нафтали Бенет, Палестинската самоуправа, којашто инаку управува само со Западниот брег откако во 2007 година радикалното исламистичко движење Хамас ги протера нејзините функционери од Појасот Газа, се согласила на Израел да му даде реципрочен број дози од една од своите пратки кои бу требало да пристигнат кон крајот на годината.
„Израел на Палестинската управа ќе и достави милион до 1,4 милиони дози од вакцината на Pfizer/BioNTech“, се наведува во заедничкото соопштение на кабинетот на премиерот Бенет и министерствата за здравство и за одбрана.
Се додава дека на дозите од вакцините на „Pfizer/BioNTech“ намените за размената „наскоро ќе им истече рокот на траење“, и „во светлото на фактот дела резервите од вакцината во моментов ги задоволуваат потребите на Израел, одобрено е нивното испраќање“.
Извор во палестинското министерство за здравство за Reuters го потврдило договорот и додало дека Палестинците ја очекуваат пратката од вакцините во август или во септември.
Во израелското соопштение се наведува и дека Израел ќе добие реципрочно количество од вакцините од Палестинската управа во септември или октомври.
Ниедна страна не соопштила кога вакцините од Израел ќе ѝ бидат доставени на Палестинската управа.
Израел беше изложен на критики дека треабло да стори повеќе во поглед вакцините да им бидат подостапни на Палестинците. Околу 55 отсто од израелските државјани целосно се вакцинирани притив коронавусот, а околу 30 отсто од Палестинците ја примиле барем првата доза.