Во израелската болница „Ишилов“ успешно е завршена првата фаза од тестирањето на иновативниот лек против коронавирус, соопшти тамошното Министерството за надворешни работи, објавија израелските медиуми.
Од 30 пацинети кои биле со умерено тешка состојба, 29 излегле од болница за 3-5 дена. Последниот пациент исто така оздравел, но му бил потребен подолг временски период.
Лекот под назив EXO-CD24 се применва така што пациентот директно го вдишува во градите неколку минути еднаш дневно во период од пет дена и на тој начин ја прекинува ткн. цитокинска бура која ја предизвикува вирусот САРС-КоВ-2.
Цитокинската бура е системски воспалителен процес кој предизвикува претерана реакција на имунолошкиот систем на тела, а која може да биде предизвикана со различни патогени, вируси, бактерии, но и автоимуни болести.
EXO-CD24 е иновативен лек кој е развиен во лабораторијата на професорот Нарид Арбер во Медицинскиот центар Сураски во Тел Авив.
Лекот е наменет за пациенти во умерена до критична состојба, за да се спречи нивното влошувањe во тешка состојба.