Израел истрелал проектили врз станбен кварт во Дамаск

Неколку израелски проектили во средата погодија станбена зграда во Кафр Соус, област на сирискиот главен град Дамаск под зголемени безбедносни мерки, објавија државните медиуми, додавајќи дека во нападот загинале две лица.

Во таа станбена зона има и ирански културни центри, во близина на утрден комплекс што го користат безбедносните агенции. Ирански воени експерти беа убиени во израелскиот напад на тој кварт во февруари 2023 година.

Агенцијата SANA известува за израелскиот напад на станбена зграда, објавувајќи фотографија од погодената повеќекатница. Државните медиуми објавија дека жртвите се цивили.

Засега нема коментар од израелската армија.

Иран е еден од главните сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад во 12-годишната граѓанска војна предизвикана со подршката на Западот и соседните земји на сунитските исламистички групи во Сирија чија цел беше соборување на секуларната сириска влада, блискоисточен сојузник на Русија. Поддршката на Дамаск му ја пружија и вооруженото либанско шиитско движење Хезболах, како и шиитските милиции од Ирак и од регионот, поради што Израел изведува воздушни напади за да ја ограничи ширењето на военото влијание на Иран.

Овие воздушни напади се одраз на растечките тензии во регионот по нападот на исламистичкиот Хамас врз Израел. Од декември, во нив се убиени неколку членови на Корпусот на иранската револуционерна гарда (IRCG). Револуционерната гарда, по победата над ултрарадикалната сунитска џухадистичка организација Исламска држава и на сириското крило на Ал Каеда кон крајот на 2017 година го намали бројот на своите воени советници и офицери на теренот во Сирија, во полза на шиитските милиции.