Израел изгласа забрана за активностите на агенцијата на ОН во земјата

Израел во понеделникот усвои закон со кој се забранува агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA), да дејствува во земјата, што исто така може да влијае на нејзините операции во разорената од војна Газа.

Предлагачите на законот ја наведуваат вмешаноста на некои вработени во UNRWA vо нападот врз Израел на 7 октомври минатата година и нивното членство во Хамас и други вооружени групи.

Забраната не се однесува на операции на палестински или други територии и веројатно директно ќе влијае на работата на UNRWA во Источен Ерусалим, кој Израел го анектираше во војната од 1967 година која не ја признава меѓународната заедница.

UNRWA вработува десетици илјади работници и обезбедува образовни и здравствени услуги, како и помош за милиони Палестинци во енклавтие Појасот Газа и Западниот брег, и на милионите повеќе децении прогонетите во соседните земји Јордан, Либан и Сирија.

„Ако Обединетите нации не се подготвени да ја исчистат оваа организација од тероризмот, од активистите на Хамас, тогаш на нас останува да преземеме мерки за да се осигураме дека тие никогаш повеќе нема да можат да му наштетат на нашиот народ“, рече израелскиот пратеник Шарен Хаскел.

Шефот на UNRWA, Филип Лазарини, предупреди дека забраната на Израел за активностите на организацијата внатре во земјата „само ќе ги продлабочи страдањата на Палестинците, особено во Газа“. Додаде дека забраната е последниот потег „во долгата кампања за дискредитација на агенцијата и делегитимирање на нејзината улога“.

Портпаролот на UNRWA пред гласањето изјави дека предлог-законот ќе биде „катастрофа“ и ќе има сериозно влијание врз хуманитарната мисија во Газа и на окупираниот Западен брег.

„Срамотно е што земја-членка на Обединетите нации работи на поткопување на агенцијата на Обединетите нации која е и најголемиот учесник во хуманитарната мисија во Газа“, посочи тој.

Пред носењето на гласовите, министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Велика Британија, Јапонија и Јужна Кореја, Канада и Австралија изразија „сериозна загриженост“.