Израелската војска објави во неделата дека гаѓала позиции на сириската владина војска како одмазда за проектили кои паднале на израелскиот дел од Голанската висорамнина, што е втор вакво инцидент во последните два дена.
Војската „гаѓаше две артилериски позиции и камион со муниција кој пропаѓаат на сирискиот режим“, соопшти израелската страна истакнувајќи дека им наредила на израелските цивили да се евакуираат од зоната во близина на сириската област Кинејтра, каде што последните денови се интензивираа судирите меѓу сириските владини сили и бунтовниците.
Дамаск го обвини Тел Авив дека неговите воени операции всушност се поддршка на борците на џихадистичката мрежа Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, кои ги напаѓаат сириските владини сили во Кунјетра.
Во саботата според Израел, десетина проектили истрелани од Сирија завршиле на делот од Голанската висорамнина кој Израел го окупираше во војната со арапските земји. Според разни извори, во нив се убиени двајца сириски војници.
„Жестоко ќе возвратиме на секој напад врз нашата територија или врз нашите граѓани“, изјави во неделата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Последните неколку години израелските воздухопловни сили повеќепати ги нападнаа позициите на сириската владина војска, кои се стационирани во близина на заедничката граница. Израел ваквите напади ги оправдува со прелети на проектили на нејзината територија, а последен таков инцидент се случи во април годинава.
Сирија и Израел имаат заедничка граница долга 80 километри. Двете земји немаат билатерални дипломатски односи. Сирија не го признава постоењето на Државата Израел, а Тел Авив соседната држава ја смета за непријателска. Двете држави, сепак, им овозможуваат одвивање на трговијата на жителите на локалната заедница Друзи на Голанската висорамнина.