Израелската влада планира во следните 30 години да насели близу 250.000 луѓе на окупираната Голанска висорамнина.
На Голанската висорамнина моментално живеат околу 50.000 луѓе, од кои 22.000 се еврејски доселеници. Со планот, предвидено е да се изградат два големи града.
Тој доаѓа кусо откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја признава Голанската висорамнина како „израелска територија”. Поради својата одлука, САД беа критикувано во Обединетите нации, како и од многуте нивни сојузници.
Израел ја окупираше Голанската висорамнина од Сирија во 1967 година, во една од ткн Блискоисточна војна, ја анектираше во 1981 година во потехот кој 15-те постојани и повремени членки на Советот за безбедност го оцени како „ништовна и неважечка и без меѓународен правен ефект“.Советот за безбедност при ОН на Голан испрати мировни сили за безбедност UNDOF во 1974 година, за да го надгледуваат примирјето меѓу Сирија и Израел на Голанската висорамнина, Таму светската организација сѐ уште има контингент од 800 војници од ткн „сини шлемови“.