Стотици Израелци му одадоа почести на Амос Оз, прославен израелски писател и мировен активист, на испраќањето во понеделникот во театарот Цавта во центарот на Тел Авив.
Голем број луѓе се собрале за да влезат во театарот каде што беше поставен ковчегот со посмртните останки на Амос Оз кој почина во петокот во 79-та година по борбата со ракот.
Почести му оддадоа неговото семејство, но и политичари и обични луѓе кои молкум минува крај ковчегот. Роднини, уметници, актери и писатели се собвраа заедно со личности од јавниот и од политичкиот живот, главно од изралеската левица. Мири Регев, министерот за култура од конзервативната партија Ликуд, исто така, присустувал на церемонијата, истакнуваат израелските медиуми.
Церемонијата во театарот во Тел Авив беше пренесувана во живо на телевизијата, што е голема реткост во Ирзаел кога станува збор за простувањето со еден писател. По церемонијата во театарот Цавта, ковчегот ќе биде испратен во Хулда, кибуц во кој Амос Оз пораснал и живеел 30 години.
Израелскиот претседател Реувен Ривлин, го сподели сеќавањето на своето пријателство со Оз, кога биле деца и соседи во Ерусалим, родниот град во Амос Оз.
„Тој имаше моќ да ги погледа работите длабоко во внатрешноста, задржувајќи ја едната нога надвор… Не се плашеше да те наречат предавник. Напротив, го сметаше тоа за чест… Имајќи предвид дека твоето пишување истовремено беше лично и универзално, успеа да ја раскажеш нашата историја далеку надвор од нашиот мал Израел“, рече претседателот Ривлин алудирајќи на критиките коишто Оз често ги доживуваше поради своето цврсто залагање за мир со Палестинците.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, наведе во саботата во писмената изјава дека Израел се простува со „еден од своите книжевни великани Амос Оз“ како и дека Израелците „засекогаш ќе го паметат неговиот придонес во хебрејската литература и хебрејскиот јазик“.
Амос Оз е роден во Ерусалим во 1939 година од родители Евреи кои емигрирале од Украина. Мајката ја загубил на 12-годишна возраст, извршила самоубиство, а таа трагедија е опишана и во неговиот автобиографски роман „Приказна за љубовта и темнината“, објавен во 2012 година.
Познатиот писател е автор на бројни дека и повеќепати беше номиниран за Нобеловата награда за книжевност, којашто за жал не му беше доделена. Добитник е на низа престижни меѓународни награди, како што се Израелската награда за книжевност во 1998-та, Мировната награда на германските издавачи и книжари (1992), Гетеовата награда на градот Франкфурт (2005), француската награда Сендерс (2004), Хајнеовата награда (2008), Медитеранската награда (2010), Наградата Франц Кафка (2013), книжевната награда Haus der Kulturen der Welt (2015), и на многу други важни светски награди и признанија.