Израелски напад во бегалски камп за Пелестинци во јужен либан Либан рано во вторникот бил насочен кон Мунир Магдах, командант на либанскиот огранок на военото крило на палестинското движење Фатах, Бригадата на мачениците Ал Акса, изјавиле за Reuters двајца палестински безбедносни претставници.
Ударот погоди зграда во палестинскиот камп Аин ал-Хилвех во близина на јужниот либански град Сидон рано во вторникот. Тоа беше прв напад врз преполниот бегалски камп, најголемиот од неколкуте палестински кампови во Либан, откако избија прекугранични непријателства пред речиси една година, според Reuters.
Засега не е позната судбината на воениот командант. Исто така, засега не е познат бројот на жртвите во ударот, иако локалните медиуми соопштија за „многу загинати“.
Израелските одбранбени сили (IDF) се вклучени во интензивни борби со Хезболах во јужен Либан, објави на арапски јази во вторникот рано претпладнето портпаролот на армијата к Авичаи Едри на социјалната мрежа Х, повикувајќи ги жителите да не патуваа јужно од реката Литани.
„Има тешки борби во јужен Либан, за време на кои силите на Хезболах ги користат цивилите и населението како жив штит за да извршат напади, за ваша лична безбедност, бараме од вас да не патувате со возила од север до областа јужно од реката Литани“, тврди вЕдри во објавата..
Подоцна, портпаролот на израелската армија, бригадниот генерал (контраадмирал) Даниел Хагари, изјави дека израелската армија спроведува „ограничени и насочени рации“ долж границата за да ги спречи заканите од Хезболах за населението во северен Израел. Тој рече дека целта на операциите е да се елиминираат упориштата на Хезболах, кои претставуваат закана за израелските погранични градови и кибуци.
Израелската војска ноќта кон вторникот потврди дека започнала ограничени, локализирани и насочени напади врз цели на Хезболах во пограничната област на јужен Либан.
Израелската војска соопшти дека израелските воздушни сили и артилерија ги поддржуваат копнените сили со прецизни напади врз воени цели. Таа исто така рече дека целите се наоѓаат во селата во близина на границата и претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен Израел.
Нешто по полноќ во вторникот, објави Reuters, масивни последователни експлозии се слушнале низ либанскиот главен град Бејрут.
Претходно беше објавено дека најмалку два израелски проектили ги погодиле јужните предградија на Бејрут. Израелската војска предупреди еден час претходно дека ќе погоди одредени згради во густо населените јужни предградија, велејќи дека тие се користат како објекти од вооружената група Хезболах и им порача на жителите да си заминат.
Во последните 24 часа во Либан загинаа најмалку 95 лица
Стравувањата од копнена инвазија се зголемија во понеделникот кога либанските трупи се повлекоа од границата со Израел, а американски официјален претставник изјави дека израелските трупи се чини дека се подготвени да влезат во Либан.
Хезболах рано во вторникот соопшти дека гаѓа врз израелските војници кои се движат низ либанските погранични градови.
Локалните жители во либанскиот пограничен град Аита ал-Шааб пријавија силно гранатирање и звук од хеликоптери и беспилотни летала над главите.
Интензивните израелски воздушни напади во последните денови елиминираа неколку команданти на Хезболах, но, според либанската влада, загинаа околу 1.000 цивили, а милион беа принудени да ги напуштат своите домови.
Во последните 24 часа, најмалку 95 лица загинаа, а 172 се ранети во израелските напади врз јужните региони на Либан, долината Бека и Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство рано во вторник.
Најмалку 11 загинати во нападот на бегалски камп во Газа
Исто така, Reuters објави дека најмалку 11 Палестинци биле убиени, меѓу кои жени и деца, во израелски напад врз куќа во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.
Агенцијата ја добила информацијата во вторникот рано наутро од медицинскиот персонал во Газа.