Израел започнал воздушни напади во долината Бека во источен Либан рано утрото во неделата, изјавија за Reuters два либански безбедносни извора, неколку часа откако Хезболах соопшти дека соборил израелско беспилотно летало над Либан.
Соговорниците рекле дека цел на израелскиот напад бил камп за обука на либанското шиитско движење во селото Јанта, во близина на границата со Сирија.Еден од нападите бил насочен кон градот Сафри, во близина на источниот град Баалбек, велат изворите, додавајќи дека нема извештаи за жртви.
Хезболах разменува оган со Израел преку јужната граница на Либан од 8 октомври минатата година, еден ден откако палестинската група Хамас започна напад врз Израел што ги ескалира регионалните тен. Движењето кое тесно сорабоува со Иран ја презеде одговорноста за соборувањето на израелско беспилотно летало претходно во саботата.
„Дронот на израелската армија, кој беше соборен од борци на исламскиот отпор над либанска територија во саботата, на 6 април 2024 година, е од типот Hermes 900“, се вели во соопштението на Хезболах.
Портпаролот на израелската војска Авишај Адраи изјави дека дронот се урнал на либанска територија откако бил погоден со ракета земја-воздух. Инцидентот е под истрага, додаде тој во објава на социјалната платформа Х.
Мировните сили на Обединетите нации во Либан (UNIFIL), кои ја надгледуваат областа од 1978 година, уштев во јануари го прогласија вториот највисок степен на аларм.
Израел бара Хезболах да се повлече од границата за да обезбеди безбедност на цивили на северот на земјата. Исто така, Тел Авив се закани со употреба на воени агенти доколку не доведат до дипломатски напори за повлекување. Повеќе од 76.000 луѓе ги напуштија своите домови во јужниот дел на Либан од почетокот на неодамнешните размени на оган. Повеќе од 80.000 луѓе беа евакуирани од израелската страна на границата…
Овие судири од почетокот на октомври претставуваат најсериозен воен конфликт од втората либанска војна во 2006 година. Но, набљудувачите велат дека двете страни сè уште следат одредени непишани правила, бидејќи досега избегнуваа натамошна ескалација.
Хезболах, кој е поддржан од Иран, ја контролира владата во Либан и има арсенал на ракети кои претставуваат закана за Израел. Еврејската држава, од друга страна, се смета дека е воено способна да му нанесе неизмерно голема штета на Либан.
Либанската шиитска групација Хезболах е активна во јужен Либан и во Сирија, чијашто територија на Голанската висорамнина Израел ја анектираше во 1981 година.
Хезболах, чии милиции се вооружувани и обучувани од Иран, е далеку помоќна борбена форамција од палестински Хамас, а разликата е и во припадноста на шиитскиот и сунитскиот огранок на исламот. Од последната војна меѓу Израел и Хазболах во 2006 година, либанското движење стана многу помоќно. Се проценува дека Хазболах има арсенал од повеќе од 100.000 ракети, а покрај тоа неговите единици се здобија со богато борбено искуство учествувајќи од 2011 година во војната во Сирија.
Хезболах и Израел водеа две големи војни од 1980-тите. Израелските трупи беа принудени да се повлечат од Либан по конфликтот во 2006 година. Хезболах има значително присуство во јужен Либан и периодично се конфронтира со израелските сили кои патролираат по границата.
Во војната од 2006 година со израелската сила, Хезболах се покажа како сериозен противник, а воените аналитичари предупредуваат дека неговите борци се стекнале со големо борбено искуство со учеството во војната во соседна Сирија започната од 2011 година, и оти движењето е добро вооружено благодарејќи на целосната поддршка од Иран.
Движењето на шиитската заедница во Либан со неговото воено крило е формирано во заднината на долгата граѓанска војна со вмешаност на САД и Израел во 1982 година со поддршка на Иранската револуционерна гарда. Се смета дека е најдобро вооружена групација во регионот на Блискиот исток, а се здоби со големо борбено искуство учествувајќи во регионалните војни главно во Сирија на стрнаа на владата на претседателот Башар ал-Асад.