Двајца припадници на палестинската група Исламски џихад загинаа во напад на Израел врз Дамаск, соопшти денеска групата.
Нападот се случил кусо време пред полноќ кога израелски авиони гаѓале позиции на Исламски џихад во Сирија, откако групата се судри со израелските сили околу Појасот Газа.
Сириската новинска агенција Сана, повикувајќи се на воени извори, информира дека израелските авиони влегле во воздушниот простор на Сирија и гаѓале области околу Дамаск.
Според воените извори, повеќето од ракетите биле уништени пред да ги погодат нивните цели