Израел не ги нападнал иранските нафтени постројки и аеродромите во Техеран

Израел не ги нападнал иранските нафтени постројки или аеродромите „Имам Хомеини“ и „Мехрабад“ во Техеран, објави во саботата либанскиот телевизиски канал Al Mayadeen.

Според овие информации, Израел се обидел да нападне три воени база на периферијата на Техеран, но била активирана иранската противвоздушна одбрана.

Израелската армија претходно ноќта кон саботата соопшти дека напаѓа воени цели во Иран како одговор на „месечните континуирани напади“.

Нема извештаи за жртви или загинати меѓу иранската војска по извештаите за наводни експлозии во Техеран, јавува иранската новинска агенција Shafaqna.

„Засега нема извештаи за загинати или повредени меѓу иранскиот воен персонал или цивили. Иранската воздушна одбрана пресретна голем број воздушни цели за време на израелскиот напад“, според Shafaqna.

Исто така, досега не се пријавени напади врз воени центри кои припаѓаат на Корпусот на гардата на Исламската револуција (IRCG) во Техеран, изјавиле за Tasnm информирани извори откако се слушнале експлозии во иранската престолнина. Изворите рекле дека и ниеден воен центар на IRCG на запад и југ од иранската престолнина не бил цел.

Во саботата рано наутро по локално време, жотелите пријавувале дека слушнале неколку експлозии во градот. Експлозиите се слушнале западно од Техеран, според дојавите.

Звуците на експлозии биле поврзани со ангажирањето на противвоздушната одбрана на Иранската армија со потег на израелската војска на три локации околу Техеран, известува Tasnim.

Во меѓувреме, се нормализирала и ситуацијата во Техеран. Извршниот директор на Меѓународниот аеродром Имам Хомеини (IKIA), Саид Чаландари изјавил за иранските медиуми дека аеродромот е во стабилна ситуација и не се пријавени безбедносни инциденти. Додал дека летовите полетуваат од аеродромот со почеток во 5,30 часот по локално време според планираното и дека нема наредба за откажување на летовите.

Официјални лица на аеродромот „Мехрабад“, исто така, потврдија дека нема прекини на летовите.

Претходно иранските медиуми известија за звуци од неколку експлозии во Техеран. Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека започнале со напади врз воени цели во Иран како дел од одговорот на иранскиет одмазднички напади врз еврејската држава на 1 октомври.

Ситуацијата во Техеран во врска со израелскиот напад врз Иран и извештаите за експлозии во иранската престолнина е мирна, јавува иранската државна агенција Mehr.

„Целосен мир и тишина владее на автопатот Харази во западен Техеран. Ситуацијата во Техеран е мирна“, се вели во објавата.

Израел последните денови се консултирал со Соединетите држави за обемот и видот на целите коишто израелската армија планира да ги нападне како одговор на иранскиот напад, објави The News York Times (NYT) повикувајќи се на американски функционер. „Беа одржани консултации меѓу Пентагон и Белата куќа. Раната е мирна“, се вели во извештајот.

Израел се подготвуваше за воена акција, особено по извештаите претходно оваа година за сличен израелски напад кој наводно уништил радар за воздушна одбрана во близина на Исфахан по иранскиот напад во април. Најголемиот израелски сојузник САД, од своја страна, сакаат да избегнат ескалација на конлфиктите на Блискиот исток, и според најавите вршеле притисок врз Израел и истовремено далеку од фокусот на јавноста комуницирале со Техеран во напорите изрелскиот удар да биде со интензитет од возвратните напади меѓу двете земји во април годинава. Вашингтон, исто така, инсистирал израелскиот напад да не биде насочен особено кон иранската нафтена инфраструктура.

Весникот The New York Times, повикувајќи се на свои извори, претходно ноќта кон петокот објви дека Иран разгледува различни опции за одговор на евентуален израелски напад, а дејствијата на Техеран ќе зависат од целите што ќе ги избере еврејската држава.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи ѝ наредил на војската да развие повеќе планови за одговор на израелскиот напад во зависност од неговиот обем, според четворица неименувани ирански официјални лица.

Доколку нападот предизвика сериозно уништување и многу жртви, Иран ќе одговори. Ако, пак, Израел се ограничи на напад на неколку воени бази и магацини со проектили и беспилотни летала, Техеран може да не преземе ништо како одговор, велат изворите на американскиот весник.

Тие истакнале дека одговорот ќе биде неизбежен во случај на напад врз нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, неговите нуклеарни капацитети, како и во случај на убиство на високи функционери.

Според весникот, меѓу можните мерки Техеран ја разгледува можноста за лансирање на околу илјада балистички ракети, интензивирање на нападите од сојузниците на Иран во регионот (либански Хезболах, палестински Хамас, јеменските Хути и шиитските ирачки милиции присутни во Сирија), како и нарушување на глобалното снабдување со енергенси и превозот во Персискиот залив и Ормутскиот теснец.

Во очекување на потенцијален израелски напад кој треба да биде одговор на иранскиот одмазнички напад од почетокот на октомври, на војската на Иран ѝ е наложено да биде подготвена за војна, но Техеран исто така се обидува да го избегне тоа, додава The New York Times.