Израел нема никаква намера да изврши копнен напад врз Либан и претпочита дипломатско решение за да стави крај на конфликтот со шиитското движење Хезболах, изјави во вторникот израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дени Данон.
„Имаме искуство од Либан. Немаме желба за копнена инвазија никаде. Не сакам да го испратам мојот син таму. Не сакаме да ги испраќаме нашите момчиња да се борат во странска земја“, рече израелски дипломат на на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Израел е отворен за предлози за деескалација на конфликтот во Либан, рече Данон, ден откако САД соопштија дека истражуваат „конкретни идеи“ со сојузниците и партнерите.
„Додека зборуваме, важни сили се обидуваат да излезат со предлог и ние сме отворени за тоа“, им рече на новинарите.
Жестоките борби кои започнаа оваа седмица меѓу Израел и либански Хезболах поддржан од Ирани, ги зголемија стравувањата дека конфликтот ќе експлодира и ќе го дестабилизира целиот Блиски исток, каде што веќе е во тек војна меѓу Израел и палестинското движење Хамас.
Израел соопшти дека го префрла својот фокус од Газа на северната граница, каде Хезболах истрелува ракети кон Израел за да го поддржи сунитски Хамас, со кој инаку во минатото шиитски Хезболах воено беше конфонтиран во некои судири во регионот.
Израелската влада тврди дека има приоритет за обезбедување на нејзината северна граница и овозможување враќање на околу 70.000 жители раселени поради конфликтот, додека Хезболах вети дека нема да се повлече додека не дојде до прекин на огнот во Газа и страдањето на тамошното цивилно население.
Во понеделникот, висок претставник на Стејт департментот рече дека САД разговараат со сојузниците и партнерите за „конкретни предлози“ за да се најде излез за да се спречи понатамошна ескалација на борбите и да се намалат тензиите.
Данон рече дека Израел сериозно ги сфаќа овие предлози.
„Сè уште веруваме дека не е доцна за либанската влада, за либанскиот народ, да изврши притисок врз Хезболах да престане со својата агресија. за нивните заедници, тоа е сè“, рече израелскот дипломат.