Израел нуди системи за предупредување на цивилите, Украина лута бара противвоздушни системи и проектили

Израел во средата го отфрли барањето на Украина да ѝ испорача противвоздушни проектили откако Киев се обиде да изврши смекнување на израелскиот став за немешање во војната со тврдењата дека Русија наводно користи ирански дронови, а израелската влада нуди помош во развој на системот за предупредување од воздушни напади за цивилите.

Украинскиот амбасадор во Израел, Евгениј Корнјичук, кој барал противвоздушни системи за соборување проектили и дронови, бил „длабоко разочаран“ откако биле објавено дека закажаниот телефонски разговор уште во август меѓу израелскиот министер за одбрана Бени Ганц и неговиот колега Олексиј Резников нема да се одржи пишува The Jerusalem Post.

Претходно во средата Ганц изјави дека Израел е „цврст во ставот“ да не ја снабдува Украина со оружје. Иако ја осуди руската агресија, Израел ја ограничи својата поддршка на Киев на хуманитарна помош, наведувајќи дека со Русија сака да ја одржи соработката по прашањата на соседната Сирија како и по прашањето на добрата позиција на руските Евреи кои имаат и свој регионален ентитет во Руската Федерација.

„Израел бара од Украина да сподели информации за своите потреби за предупредување на воздушните напади. Израел би можел да помогне во развојот на систем за рано предупредување кое спасува животи на цивилите“, им рекол Ганц на амбасадорите од земјите членки на Европската унија, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Кабинетот на Ганц соопшти и дека министерот ќе разговара со Резников во четврток.

Украинскиот амбасадор Корничук потоа за Reuters рекол дека понудениот систем „веќе не е важен“ и ја потврдил автентичноста на писмото на амбасадата, кое протече во израелската новинска агенција Walla, ва во кое се бара итна набавка на системите „Iron Beam“, „Baraka-8“ и „Iron Dome“, како и на пресретнувачите Давидов чатал и Давидова стрела од Израел.

За системот „Iron Beam“ потребни се години за да стане оперативен, посочуваат од Израел и додаваат дека земјата ги користи американските противвоздушни системи „Patriot“. Системот „Barak-8“, пак, заеднички го развија Израел и Индија.

Паралелно со пресретнувачите, кои служат главно за одбивање на евентуални напади од Иран и неговите регионални сојузници, Израел има мрежа радари кои ги активираат сирените или предупредувањата на мобилните телефони на граѓаните да се сокријат кога ќе се случи истрелување проектил кон израелската територија. Слична технологија за предупредување би можело да ѝ биде понудено на Украина, според портпаролот на израелското министерство за одбрана.

„Израел има политика на поддржување на Украина со хуманитарна помош и пакетите со одбранбена опрема којашто спасува живот, но нема да достави вооружени системи поради разни оперативни причини“, им рекол Ганц на ЕУ амбасадорите.

Руската амбасада во Израел одбила да ги коментира случувањата.

Во вторникот Украина ги интензивираше барањата за израелски противвоздушни системи и проектили, тврдејќи дека Русија наводно изведува напади со ирански беспилотни летала „Шагед-136“. Техеран неколкупати досега негираше дека испорачал во Русија дронови, а Кремљ не коментираше. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека немаат никакви информации за користење на иранско вооружување.

„Се користи руска опрема со руска номенклатура“, рече Песков на брифингот со новинарите и додаде дека „сите натамошни прашања треба да бидат упатени на министерството за одбрана“.

Агенцијата Reuters, повикувајќи се на западни разузнавачки извори, објави дека Иран наводно ѝ ветил на Русија испораки на проектили „земја-земја“. Наводно договорот бил постигнат на 6-ти октомври во текот на посетата на Москва на иранскиот потпретседател Мохамад Мокбер, двајца функционери на влијателната иранска Револуционерна гарда и функционер на Врховниот совет за национална безбедност.

„Русите бараа уште дронови и ирански балистички ракети со подобрена прецизност, особено од ракетните семејства Фаетх и Золфагар“, пишува Reuters припишувајќи ја изјавата на неименуван наводен ирански дипломат.