Израел објави дека го убил командантот на Хамас кој го извел нападот на 7-ми октомври

Израелската војска го убила еден од командантите на радикалното исламистичко движење Хамас, Али Кади, кој ги предводел најкравиот во историјата напад од Појасот Газа врз Израел на 7-ми октомври, соопшто во саботата воениот портпарол.

„Командантот на специјалната елитна единица Нухб на Хамас, која минатиот викенд го предводеше нападот врз израелските градови близу Појасот Газа е убиен во воздушен напад“, изјави портпарлот на израелската војска во соопштение за јавноста.

Додава дека информацијата за смртта на Али Кади во Газа се заснова врз информациите кои ги собрала војската и внатрешната безбедносна служба Шин Бет.

Претходно во саботата утрото Израелските одбранбени сили (IDF).објавија дека војската го убила човекот за кого постојат сомневања дека ги организирал нападите на Хамас минатата сабота. Беше споменат Мерад Абу Мерад, командант на системот за воздушен надзор на Хамас во градот Газа, кој бил главно одговорен за наведувањето на борците во текот на споменатиот напад.

Али Кади израелските власти го ослободиле во рамите на размената на затвореници по ослободувањето на израелскиот војник со француско потекло Гилад Шалит, кого на 25-ти јуни 2006 година го грабна Хамас а го ослободи на 18-ти октоимври 2011 година, по пет ипол години заложничка и преговрарачка сага во Појасот Газа.

Извор од Хамас, со кој разговарал новинар на AFP, одбил да ги коментира информациите за смрта на командантот претставен како „Али ал-Кади“ и не сакал да даде никакви информации за неговата судбина.

Според овој извор, 37-годишниот ал-Кади потекнува од Рамала во другата палестнска енклава Западниот брег, а бил депортиран во Газа во рамките на размената на палестинските заробеници за ослободување на израелскиот војник Гилад Шалит.

Хамас потврди дека ал-Кади е командат на единиците позната како Нукхба.

Борците на радикалното исламистичко движење Хамас минатата сабота во операција без преседан истовремено истрелаа илјадници проектили врз Изеаел од Газа, ја пробија утврдената гранична линија и се обидоа да се инфилтрираат од море, а потоа тргнаа во брутален поход низ градовите, заедниците (кибуци) и на музички фестивал, убивајќи повеќе од 1.300 луѓе. Според израелските власти, притоа се земени околу 100 до 150 заложници.

Милитантите успеаја да продрат и во пограничните бази на израелската војска, убивајќи стотина војници и уништувајќи, запленувајќи и онеспообувајќи десетици оклопно возила, меѓу кои и тенкови.

Израел одговори со тешки бомбардирања на палестинската енклава Појасот Газа и самиот град Газа. Повеќе од 1.900 Палестинци се убиени во израелските напади, според палестнските здравствени организации.