Израелските одбранбени сили (IDF) им порачаа на жителите на северниот дел на Појасот Газа дека во сабота на неколку часа ќе обезбедат два безбедни коридора за бегство коишто водат кон југот на палестинската енклава.
„Воените активности ќе бидат прекинати во периодот од 10 часот наутро до 14 часот за „уманитарни цели“, соопшти војската на платформата на социјалните мрежи X.
Армијата додаде дека ќе направи „тактички“ прекин на воените активности на неколку часа во бегалскиот камп Џабалија за да им овозможи на цивилите да избегаат од таму.
„За ваша безбедност, придружете им се на стотиците илјади жители кои се преселија на југ во последните денови“, напиша портпаролот на армијата на арапски на X.
На жителите им е дозволено да го користат крајбрежниот пат на Средоземното Море и оној што минува низ центарот на територијата.