Израелскиот министерски кабинет одобри градење на 700 станбени единици за Палестинците и 6.000 за доселениците Израелци во зоната Ц на Западниот брег (од реката Јордан), соопшти во средата висок владин функционер.
Израелското одобрување за палестинското градење е невообичаено во споменатата зона Ц во која повеќето се израелски доселеници, и е под целосна израелска контрола.
„Право на Палестинците е да градата каде и да е на својата земја окупирана од 1967 година без да имаат потреба од нечија дозвола. Нема да озакониме ниту еден камен за занселувањето на нашата палестинска земја“, порача палестинскиот министер Набил Абу Рудејнех во соопштението коепто го објави палестинската новинска агенција Wafa.
Со Договорот од Осло, Западниот брег е поделен за соните А, Б и Ц. Зоната А, каде се наоѓаат сите поголеми градови е под целосна палестинска контрола. Сите други палестински места и села се наоѓаат во зоната Б со којашто управува Палестинската национална самоуправа, но е се под израелска контрола.
Израелските медиуми пишуваат дека овој потег доаѓа по посетата на Џаред Кушнер, советник и зет за ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја предводи мировната иницијатива на Вашингтон за Блискиот исток.
Администрацијата на Трамп ја пренабрегна децениската стратегија на американските претседатели за пристап на изралеско-палестинскиот судир, и го потврди важењето на законот изгласан во Конгресот во 1990-те со кој Ерусалим се признава за главен град на Државата Израел.
Тоа предизвика жестоко противење на Палестинците кои сакаат Ерусалим да биде престолнина на нивната идна држава. Палестинците ги одбија американскиот мировен план кој во прв ред е насочен на економските прашања, бидејќи според нив прво треба да бидат решени политичките проблеми.
Израел ги окупирапе Западниот брег, Појасот Газа, дел од Голанската висорамнина и источен Ерусалим во ткн Шестдневна војна во 1967 година, и овие територии меѓународната заедница ги смета за палестински окупирани од израелските сили. Меѓутоа, откако Израел до 2005 година го заврши повлекувањето на своите војски од Газа, повеќе од 600.000 израелски доселеници досега се населени на Западниот брег и во источен Ерусалим. Палестинците сакаат да ги повратат овие области и со Појасот Газа во сопствена држава.