Израел побарал нов датум за средба со американски функционеир на којашто ќе се разговара за воените планови на Израел во Рафах во јужниот дел на Појаост Газа, изјавил за Reuters американски функционер во средата, неколку дена откако премиерот Бенјамин Нетанјаху во знак на револт ја ги откажа планираните разговори на кои во Вашингтон требаше да отпатува израелска делегација.
Нетанјаху ја откажа планираната посета на висока израелска делегација на Вашингтон, откако во понедленикот САД првпат по шесте месеци војна не вложија вето во Советот за безбедност при Обединетите нации и со тоа дозволија изгласување резолуцијата со којашто се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа, во потег што се толкува дека ја одразува растечката фрустрација на Вашингтон со израелскиот премиер.
Американските власти рекоа дека администрацијата на претседателот Џо Бајден била изненадена од откажувањето на Израел, сметајќи дека чинот е претерана реакција на резолуцијата на Советот за безбедност, додека инсистираат на тоа дека нема промена во политиката на Вашингтон во поддршката на Израел.
Во средата американски неименуван функционер рекол за Reuters дека кабинетот на Нетанјаху „соопштил дека сакаат да се договорат за нов датум за состанокот посветен на Рафах. Сега работиме со нив за да се договориме за соодветен датум“.
Нетанјаху размислува да испрати делегација на состанок во Белата куќа за прашањето на Рафах веќе следната седмица, но сѐ уште се работи на конкретен датум, изјавил израелски претставник во Вашингтон.
Засега нема јавен коментар од кабинетот на израелскиот премиер.
Планираните разговори се очекува да се фокусираат на офанзивата на Израел во Рафах, последното безбедно засолниште за повеќе од половината на од вкупното 2,4-милионско палестинско население во Појасот Газа.
Белата куќа минатата седмица соопшти дека планира со израелските власти да сподели алтернативи за елиминирање на палестинската милитантна група Хамас без копнена офанзива врз Рафах, за која Вашингтон вели дека би била „катастрофална“.